Bekim Laci
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Афеми, на прес-конференција денес ги презентираше проектите реализирани во текот на оваа година, осврнувајќи се и на плановите за 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Адеми истакна дека во текот на 2018 година се реализирани околу 2.000 проекти, поддржани во годишните конкурси на Министерството за култура, и според направените анализи, во сите активности постои висока стапка на реализација на планираната програма.
Што се однесува до буџетот што бил на располагање во текот на 2018 година, Адеми нагласи дека тој изнесувал околу 3,6 милијарди денари, од кои 3,3 милијарди денари за активности во областа на културата.
Меѓу капиталните инвестиции во 2018 година, тој ги одвои инвестираните 928,7 милиони денари, со кои видливо се подобрени или ќе се подобрат условите за работа на вработените во институциите од културата, каде што во напредната фаза на изградба на објектите, рече дека се новиот објект на театарот и библиотеката во Тетово, изградбата на театарот во Струмица, како и реконструкција на објектот што го користи националната установа Албански театар.
„Меѓу најважните проекти кои целосно завршија во текот на оваа година се: Рехабилитација на покривот на објектот кој го користи Драмскиот театар - Скопје; реконструкција на кровот и рехабилитација на влезното фоаје на постоечкиот објект на Театарот во Прилеп; реконструкција на конструкцијата на кровот на Театарот Комедија - Скопје; рехабилитација и реновирање на јавната установа „Театар за деца и младинци“; реконструкција на објектот на Центарот за култура - Кочани; реконструкција и рехабилитација на просторијата на Галеријата „Чифте амам“; рехабилитација, поправка и постојано одржување на објектот на Конзерваторскиот центар - Гостивар и други проекти“, додаде Адеми.
„Во контекст на законодавството на Република Македонија“, рече тој, „ќе нагласам дека оваа година усвоивме 6 закони, 4 подзаконски акти за имплементација на Законот за употреба на македонскиот јазик, како и две одлуки за основање на нови национални установи: „Ансамблот на албански песни и народни игри во Република Македонија“ - Скопје, и „Театар Гостивар“ - Гостивар.
Адеми информираше и околу буџетот, приоритетите и активностите на Министерството за култура за 2019 година.
„Буџетот за 2019 година на Министерството за култура, којшто веќе е изгласан во Собранието на Република Македонија, достигнува 3,1 милијарди денари, поточно 3.140.216.000 денари. Буџетот на самото министерство е 215 милиони денари, додека општиот буџет за финансирање на дејствата во областа на културата достигнува 2,9 милијарди денари“, рече Адеми.
„Во врска со проектите на капитални инвестиции“, информираше Адеми, „Министерството за култура во 2019 година предвидува реконструкција на објектот на Центарот за култура во Гостивар, на Театарот во Куманово, на Театарот во Прилеп, на Центарот за култура во Кочани - втора фаза. Се предвидува и реконструкција на покривот на стариот дел на Националната библиотека во Скопје, реконструкција и пуштање во употреба на Албанскиот театар, изградба на Театарот и Библиотеката во Тетово - ќе заврши првата фаза, изградбата на Стариот театар во Струмица и реконструкција на другите објекти во областа на културата.“