Admir Fazlagic
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
СКОПЈЕ
Министерството за одбрана на Северна Македонија изрази длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, во Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни", се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Се наведува дека на мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.
„По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат", се додава во соопштението.
Според последните информации, најмалку 100 лица загинаа во вчерашната експлозија во пристаништето на Бејрут во Либан.
Според најновите податоци кои ги објави Црвениот крст на Либан во експлозиајта загинаа најмалку 100, а повредени се 4.000 лица.
Експлозијата вчера се случи во пристаништето на Бејрут. Како известија медиумите во едно од складиштата најпрво избил пожар, а потоа следувала експлозијата која се слушна и во предградијата.
Гувернерот на Бејрут соопшти дека штетата предизвикана од експлозијата во пристаништето Бејрут чини меѓу 3-5 милијарди долари.