Vesim Seyfeddin,Mehmet Nuri Uçar
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
БЕЈРУТ (АА) - Во самоубиствени напади во местото Ел-Каа, во близина на либанско-сириската граница, загинаа шест, а повредени се 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачи изведоа четири последователни бомбашки напади во кои, според првичните информации, загинаа шест, а повредени се 13 лица.
Безбедносни извори јавуваат дека во нападите загинале пет, а повредени се 15 лица, од кои три потешко. Меѓу повредените, како што се наведува во соопштението, има и цивили и припадници на безбедносните сили.
Изворите истакнуваат дека нападите биле извршени десет минути еден по друг.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Во бомбашки напад во Бејрут изведен пред две недели беа повредени две лица.