Mehmet Hatipoğlu
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
СОЛУН (АА) - Фрлен е молотов коктел врз полицајците пред зградата на конзулатот на Турција во Солун, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, утрово група маскирани лица фрлиле две шишиња молотов коктел врз полицајците кои биле пред зградата на конзулатот на Турција во Солун. Едниот молотов коктел експлодирал, но за среќа нема повредени и не е предизвикана материјална штета.
И порано биле изведени слични напади врз полициската кабина поставена пред зградата на конзулатот на Турција во Солун.