Mehmet Hatipoğlu
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
СОЛУН (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коциас, изјави дека Турција успешно го спроведува договорот со Европската унија (ЕУ) во врска со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Министрите за надворешни и внатрешни работи на Грција, Бугарија, Македониja и Албанија се состанаа во Солун, за да ја разгледаат бегалската состојба на Балканот и безбедноста на границите.
На заедничката прес-конференција по дводневните средби, Коцијас изјави дека на средбата на четирите земји се разговарало за бегалската криза на која е заклучено дека нејзиното разрешување треба да се води според европските вредности и дека спогодбата која ја постигнаа Турција и ЕУ дава позитивни резултати, истакнал Коsиас.
Коsијас истакна дека главни теми на разговорите биле потребата од запишување на бегалците, нивен транспорт, обезбедување на граничната безбедност во борба против трговците со луѓе, за поуспешна борба со бегалската криза, и за таа цел четирите земји се договориле дека е потребна поголема соработка меѓу тајните служби.
''Се разговараше за реадмисија на бегалците и за договорот меѓу Турција и ЕУ. Ние утврдивме дека, во овој период, Турција успешно го спроведува договорот. Со договорот, значително ќе се намали движењето на луѓето меѓу Турција и од грчките острови, '', рече Коsијас.
Тој рече дека министрите за надворешни работи се согласија дека во овој контекст меѓу четирите земји да се формира механизам за координација и соработка, кои ќе се состануваат еднаш во шест месеци.
"Оваа соработка се базира врз човечноста, толеранција на разликите, гарантирање на безбедноста на граѓаните и на заедничките вредности кои придонесуваат за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа ", рече тој.