Ekipa
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
ЉУБЉАНА (АА) - Студеното време оваа недела влијаеше на цела Европа, а не го заобиколи ниту регионот на Балканот. Во Србија и Словенија денес се пријавени првите смртни случаи поради студот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната метеоролошка служба во Словенија објави дека денес било забележано најстуденото утро оваа година, а се очекува температурите да бидат уште во текот на утрешниот ден.
Властите потврдија дека повозрасен маж умрел од студ кога излегол да собира огревно дрво во околината на Марибор. Најниската температура во среда наутро во Словенија беше минус 27 степени Целзиусови, а е забележана јужно од главниот град Љубљана.
Во јужна Србија, денес беше пронајден замрзнат човек кој боледувал од деменција, откако пред два дена го напуштил неговиот дом.
Поради студеното време и снежните врнежи сообраќајот е ограничен, а затворени се и училишта во Хрватска. Снегот падна дури и на брегот на Јадранското Море.