Bakir Tiro
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
НИШ (АА) - Драган Пантелиќ, еден од најдобрите фудбалски голмани на просторите на поранешна СФР Југославија, почина денеска во 69. година од својот живот, од последици предизвикани од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пантелиќ почина во Универзитетскиот клинички центар во Ниш (Србија), каде што здравствената состојба вчера му се влошила и бил приклучен на респиратор.
Во брилијантната кариера, освен за нишкиот Работнички, бранеше и за Лешница, Графичар, Бордо и Тимок.
Голот на репрезентацијата на СФР Југославија го чуваше во 19 меча, од 1979 до 1984 година, а исто така бранеше и на Светското првенство во Шпанија 1982 година. За националниот тим на некогашната заедничка држава има постигнато и два гола од единаесетерецот.
Во кариерата од пенал беше стрелец на 29 погодоци.
Беше и претставник на ФК Работнички од Ниш, како и пратеник во Собранието на Србија.