Ekipa
29 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Од четврток од скопскиот Меѓународен аеродром ќе стартува директната авиолинија помеѓу Скопје и Атина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „ТАВ Македонија“, концесионер на аеродромот во Скопје, денес соопшти дека линијата официјално ќе биде воспоставена на 1 ноември (четврток) во 18:00 часот.
Во рамките на новата авиолинија, планирани се летови двапати неделно, секој вторник и четврток, а летовите ќе се реализираат со авионите „кју 400“, со капацитет од 78 патници.
Авиокомпанијата што ќе ги изведува летовите ја најави линијата во октомври минатата година.
Директни авионски летови помеѓу Скопје и Атина имаше неколку години од 2003 година, со пет лета неделно.