Ekip
05 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
АТИНА
Папата Франциск, кој во саботата пристигна во Атина, главниот град на Грција, порача дека демократијата сериозно е влошена, известува Агенција Анадолија (АА).
„Не можеме да избегнеме да со загриженост забележиме дека денес, и не само во Европа, сведоци сме на постепено слабеење на демократијата“, рече папата Франциск на церемонијата за добредојде во Претседателската палата.
Папата рече дека прашањето за миграциите е „ужасна модерна Одисеја“, со цел да го сврти вниманието на бегалската криза во Европа.
„Европа и понатаму се двоуми, а ЕУ честопати стана жртва во облик на национализам во сопствен интерес, наместо да биде двигател на солидарност, и понекогаш делуваше блокирано и некоординирано“, рече папата Франциск.
Според папата Франциск, демократијата е сложена, но таа би била одговор на авторитаризмот.
„Ве дочекувам со посебна чест и емоции“, рече претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулос.
Папата би требало да го посети и бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос. Ова ќе биде негова втора посета од 2016 година.