Besar Ademi
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје раководителите на полициските синдикати на Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка со што ветија взаемна поддршка, формирање на заеднички тела и комисии, како и други прашања од заеднички интерес, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на потпишувањето на меморандумот, полициските синдикати на двете соседни земји се согласија и за давање взаемен помош и поддршка во случаи кога секој член на било кој синдикат има потреба од помош кога се наоѓа на територијата на Македонија и Косово.
Претседателот на полицискиот синдикат на Македонија, Ацо Антовски, истакна дека Косово и Македонија имаат заеднички проблеми во работните услови на полицијата на двете соседни земји, услови кои, според него, се сложни.
Антовски нагласи дека соработката меѓу двете синдикати ќе придонесе во подобрување на работните услови на полицијата на двете земји. Тој не ја исклучи и можноста за соработување со синдикатите на земјите во регионот во иднина.
„Денес потпишуваме еден меморандум за соработка кој се темели на принципите за колегијалност, стручност, меѓусебна соработка и поддршка и почитување на двата синдиката без разлика на нивната етничка, или пак политичка припадност", рече Антовски.
Од друга страна, претседателката на Синдикатот на полицијата на Косово, Валбона Камбери-Хоџа, нагласи дека ова е еден нов чекор за двата синдикати во насока на взаемната соработка за една далечна иднина.
„Овој меморандум има голема вредност како за Синдикатот на полицијата на Косово, така и за Синдикатот на полицијата на Македонија, бидејќи ќе ни отвори пат не само во професионална, туку и во взаемна соработка во случај на синдикалното организирање, како што се обуки, понатамошна соработка, но и организирање на заедничките фондови кои ќе бидат во корист на двата синдикати“, рече Камбери-Хоџа.