Kristina Maslareviç
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
БЕЛГРАД (AA) – Пред зградата на Домо на Народното собрание на Србија, за повеќе од десетици илјади луѓе, предновогодишната забава приреди рок бендот „Бијело Дугме", јавува Anadolu Agency (AA).
Предводени од основачот на групата и композиторот Горан Бреговиќ членовите на групата излегоа на бината во 21 часот, а на Белграѓаните славните хитови им ги пееја Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ-Тифа.
Температурата од минус шест степени Целзјусови под нулата, делумно ја кренаа со тактовите на првиот хит „Не спавај мала моја", а врвот го достигнаа со изведување на вгората поесна по ред „Пљуни запјевај, моја Југославијо".
Славниот бенд ги пееше големите хитови од поранешна Јусолавија, од седумдесетите и осумдесеттите години од минатиот век, а за крај во центарот на Белград, тие ги пееја познатите песни „Ѓурѓевдан", „Ружица си била", „Има нека тајна веза", „Хајдемо у планине".
Синоќешниот концерт на Бијело дугме беше организиран во рамките на јавниот дочек на Новата година во организација на Градот Белгад.
Во Новата година, вечерва сите Белграѓани и гостите од главниот град на Србија, кои ќе се одлучат да ја дочекаат пред зградата на Собранието, ќе имаат прилика да уживаат во настапот на „Плави оркестар" и „ Бајага и инструкори".