Dzihat Aliju
15 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Антонио Кошта, изјави дека Албанија, која е во процес на членство во ЕУ, е конкретен пример за желбата на Унијата за проширување, известува Анадолу.
Кошта, кој е во посета на балканските земји, пристигна во Тирана, главниот град на Албанија, по посетата на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.
Кошта се сретна со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, по што се одржа заедничка прес-конференција.
Опишувајќи го проширувањето кон земјите од Западен Балкан како најголема геополитичка инвестиција на ЕУ, Кошта рече:
„Албанија, напредувајќи на вистинскиот пат кон членство во ЕУ, е конкретен пример за процесот на проширување на ЕУ“.
Албанскиот премиер Рама се осврна и на процесот на членство на неговата земја во ЕУ и најави дека во наредните денови ќе бидат отворени нови поглавја.
„Според планот подготвен заеднички со Европската комисија и поддржан од земјите членки, се планира нашите преговори да завршат во 2027 година“, рече Рама.
Кошта, кој во рамките на своите контакти се сретна и со албанскиот претседател Бајрам Бегај, утре ќе присуствува на 6-тиот Самит на Европската политичка заедница (ECT), која е формирана од европски земји членки на ЕУ и земји надвор од ЕУ.