Fatjon Cuka,Dzihat Aliju,Aşkın Kıyağan
10 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ТИРАНА (АА) - Вооружен грабеж е изведен на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, главниот град на Албанија. Во престрелката е убиен еден од напаѓачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Албанската полиција соопшти дека во настанот што се случил вчера, засега непозната група маскирани и вооружени лица ја скршиле вратата за противпожарните екипи и влегле на пистата. Напаѓачите ги зеле парите од авионот што се наоѓал на пистата и избегале во непознат правец.
Во соопштението се наведува дека меѓу крадците и полицијата дошло до пресметка, при што е застрелан еден од напаѓачите.
Полицијата заплени и еден минибус за кој верува дека е можно да е поврзан со грабежот. Претставниците на специјалната полиција продолжуваат да ги бараат крадците.
Во австриските медиуми се појави вест дека крадците извршиле грабеж на авион на „Австрија ерлајнс“, додавајќи дека албанската полиција привела 4 осомничени лица.
Во веста се наведува дека странските банки ги транспортираат со авион парите од своите ескпозитури во Албанија, додавајќи дека крадците украле дел од овие пари.