Ekipa
23 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Чигдем Ѓулу, советничка за култура и промоција при амбасадата на Република Турција во Македонија, во рамките на активностите по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, ги претстави културните и туристичките вредности на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, во спортската сала „Борис Трајковски“ се одржа концерт на кој присуствуваа околу 10.000 посетители.

Во рамките на одбележувањето беше поставен штанд каде што советничката за култура и промоција при амбасадата на Република Турција во Република Македонија, Чигдем Ѓулу, на посетителите им подели брошури за културните и туристичките вредности на Турција. Во концертната сала на голем екран беа презентирани и промотивни видео-содржини за Турција.
Ѓулу говорејќи за изминатата туристичка сезона во Турција истакна дека од македонските туристи Турција остварила приход од 100 милиони евра.
„Годинава Турција од македонските туристи оствари приход од 100 милиони евра. Следната туристичка сезона планираме да угостиме 300.000 туристи од Македонија и остварување на приход од 150 милиони евра.“