Erbil Başay
12 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Турција е многу важна безбедносна точка за цела Европа, изјави албанскиот премиер Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама рече дека Турција не е „трет актер“, туку стратешки партнер на Албанија.
Запрашан за влијанието на државите како Русија, Кина, Турција или арапските земји врз Западен Балкан во последните две години, Рама рече дека сите актери или трети земји немаат исто влијание.
Истакнувајќи дека влијанието на Русија во регионот станало проблем, особено во денешни услови, Рама рече дека тоа покажува дека Европската Унија треба да ги приближи кон себе сите земји од Западен Балкан.
Албанскиот премиер рече и дека долги години се во пријателски односи со земјите од Персискиот Залив.
Тој изрази надеж дека Германија ќе го направи својот дел од договорот за ЕУ да ги започне простапните преговори со Албанија. Тој, исто така, истакна дека очекува Германија да вложи напори кон либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.