Merve Aydoğan
18 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
КАЈСЕРИ (АА) - Најмалку 293 илегални мигранти се фатени низ цела Турција во текот на последните два дена, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во централната турска област Кајсери, безбедносните единици фатија 152 нерегуларни мигранти за време на редовните патроли по патиштата во текот на последните два дена“, изјавија безбедносни извори.
Мигрантите се од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.
Во источната турска област Ван, безбедносните сили фатија 43 мигранти, авганистански и пакистански државјани, во подрачјето на Башкале, во обид пеш, илегално да преминат во Турција.
Во друг случај, во северозападната турска област Чанаккале, во Ајваџик, крајбрежната стража фатила 40 мигранти од Авганистан, меѓу кои жени и деца, во гумен чамец.
Исто така, во централаната област Сивас полициските единици сопреле камион при рутинска патрола и фатиле 6 илегални мигранти, сите државјани на Пакистан. Подоцна, полицијата фатила и 5 Авганистанци кои се обиделе илегално пеш да преминат на патролна точка на полицијата.
Возачот на камионот е уапсен за криумчарење на луѓе.
Во северозападната област Зонгулдак полицијата задржала 6 Палестинци.
Мигрантите им кажале на припадниците на безбедносните сили дека платиле 5.000 долари по лице за да бидат однесени до Италија.
Во друг случај, безбедносните сили на турско-сириската граница, во југоисточната област Хатај, фатиле 41 илегален мигрант.
Сите мигранти се однесени во подрачните канцеларии за мигранти.
Турција е главна рута за илегалните мигранти на патот до Европа, особено од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија.