СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Иако во секој аспект на секојдневниот живот се спомнува почитувањето на правата и унапредувањето на положбата на жената во општеството, во реалност жените во земјите на Балканот не ги поседуваат правата како мажите.
Во Македонија, Албанија и Косово исто така постои родова нееднаквост. Податоците до кои дојде Anadolu Agency (AA) покажуваат дека родовата нееднаквост продолжува да опстојува во повеќе општествени и економски сфери на животот, како интеграцијата на жената во економијата, во работната сила, во процесот на донесување одлуки и во други различни сфери.
- Вработувањето во Македонија се карактеризира со неповолна родова структура -
Според бројноста на населението (состојба 30.06.2016), во Република Македонија има 2.072.490 жители. Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49.9 % од населението се жени, односно над 1.015.000, a 50.1% се мажи. Податоците на ДЗС покажуваат и дека жените во Македонија се подолговечни од мажите, т.е живеат 3,9 години подолго од мажите.
Во Извештајот „Жените и мажите во Република Македонија“ објавен во 2017 година од страна на ДЗС, се вели дека стапката на вработеност во 2016 година кај жените изнесува 33,8 отсто, што е значително помала во однос на стапката на вработеност на мажите, која изнесува 52,3 отсто.
Од друга страна, стапката на невработеност кај жените изнесува 22,7 отсто, додека кај мажите 24,4 отсто.
Во истиот извештај се наведува дека стапката на активноста на жените е исто така помала, со 43,8 отсто, додека значително е повисока кај мажите, односно 69.2 отсто.
Според објавение податоци на ДЗС за 2015 година, во Република Македонија имало 282.078 вработени жени, а од нив 76,3 проценти биле вработени во приватни фирми. Над 95 отсто од вработените жени се вработени со цело работно време.
Во однос на мажите, поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 47,1 процент, како и бројот на жени магистри, 58,6 проценти.
Во 2015 година во Македонија имало 143 жени доктори на науки.
- Жените во Албанија воглавно вработени во земјоделскиот сектор -
Според Статистичкиот институт на Албанија (ИНСТАТ), од вкупно 2.870.324 жители во земјата, 1.438.609 се мажи и 1.431.715 се жени, со една разлика, во Албанија за 6.894 побројни се мажите. Државните статистики покажуваат дека 50 отсто од вкупниот број на вработени во возрасната група од 15-65 години се жени.
Структурата на вработените покажува дека 43 отсто од вработените жени се вработени со плата, додека 31,2 отсто се вработени без плата во семеен бизнис. Жените во Албанија воглавно се вработени во земјоделскиот сектор, самовработени во семејни бизниси и во секторот на јавната админситрација.
Некои од проблемите со коишто се соочуваат жените во Албанија во нивниот живот се проблемите што се поврзуваат со невработеноста, сиромаштијата, доживување семејно насилство, проблемите со застапеност во донесувањето одлуки и недостигот на поддршка за нивниот бизнис. Овие проблеми донеле пречки во постигнување на социјални, економски и политички услови на жените.
Во врска со почитувањето на правата на жените, Албанија во 2008 година го усвои „Законот за родова еднаквост во општеството“. Овој закон го регулира основното прашање на родовата еднаквост во јавниот живот, одбраната и еднакво третирање на жените и мажите, за еднакви можности за остварување на правата, како и за нивното учество и помош во развојот на сите области на општествениот живот.
За почитување на правата на жените се преземени неколку иницијативи, вклучувајќи го и формирањето на Алијансата на жени пратеници.
- 79,8 отсто од жените се дел од неактивната работна сила во Косово -
Во Косово, земја која има потпишано бројни, значајни и обврзувачки меѓународни документи кои ја гарантираат еднаквоста и ја спречуваат дискриминацијата врз основа на родот, потои обид положбата не жената во општеството да се подобри со различни државни програми, но сè уште се забележуваат родови разлики, особено во областа на нивното вработување. Уставот на Република Косово, усвоен во 2008 година, исто така ја дефинира законската основа за ставање и регулирање на принципите на родова еднаквост во Косово, како едно основно уставно право.
Жените во Косово воглавно се вработени во образовниот сектор, здравството и трговијата. Според податоците на Агенцијата за статистика на Косово (АСК), во последното тримесечие од 2017 година постои една забележлива разлика во стапката на вработеност, која кај мажите изнесува 48,1 отсто, додека кај жените е 12,5 отсто.
Од друга страна, базирајќи се на стапката на невработеност, која изнесува 30,2 отсто, невработеноста е повисока кај жените со 38 отсто, во споредба со мажите, 27,8 отсто. Според државните статистики, неактивната сила во Косово е мошне висока со посебен акцент кај жените - 79,8 отсто, во однос на мажите каде што изнесува 33,4 отсто.
Што се однесува до структурата на претпријатијата според родот на сопствениците, 75,2 отсто од сопствениците се мажи, додека 13,4 отсто се жени.
И покрај напорите за родова еднаквост, жените продолжуваат да бидат недоволно застапени во процесите на донесување одлуки на сите нивоа. Еден дисбаланс во учеството на жената се случува и во областа на политиката, односно од пет вицепремиери на земјата ниту еден не е жена, и од вкупно 20 министерства, само две се водат од министерки. Слична ситуација е и во Парламентот, каде што од 120 пратеници 39 се жени. Во меѓувреме, оваа стапка на локално ниво паѓа уште повеќе, односно од 38 општини нема ниту една која е раководена од жена.
Не треба да се заборави дека во текот на последните години жените од Косово се гледаат како амбасадори на оваа земја. Џудистката од Косово, Мајлинда Келменди, како и пејачките со потекло од Косово, Рита Ора и Дуа Липа, се сметаат за главните амбасадорки кои го воздигнуваат името на оваа земја во повеќе земји во светот.