Bekim Laci
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна годишниот економски самит „Македонија 2025“, кој годинава се фокусира на најдобрите практики на малите успешни земји, преку излагањето на Суан Хинг Ли, претседател на Советот за економски развој на Сингапур, и на Пјер Гурџиан, партнер на Руско-ерменската фондација, јавува Anadolu Agency (AA).
Коосновачот, а воедно и член на Управниот одбор на „Македонија 2025“, Џон Битов, во изјава за медиумите истакна дека годинешниот форум беше отворен со излагањето на два извондредни примера на земји слични со Македонија по својата големина, Сингапур и Ерменија, но кои многу се разликуваат во економските приходи.
„Успехот на овие две земји“, рече тој, „се темели на заедничката работа на бизнис заедницата, работата на универитетите и владата. Во однос на успехот што го имаат годишните форуми кои се одржуваат во Македонија, Битов рече дека политичката стабилност на земјата има значајна улога во изборот на бизнисмените за инвестирање во оваа земја.
„Пред сѐ, кога еден бизнисмен планира да инвестира во Македонија и е загрижен за политичката стабилност на земјата и за стапката на вработеност, ние разговараме со бизнисмените за да направиме да се чувствуваат смирено, дека прават нешто што е потребно, бидејќи народот во Македонија ги почитува заложбите и посакува да се отворат фабрики. Во меѓувреме, им помагаме на компаниите што се тука да најдат бизнис партнер во странство“, истакна Битов, и додаде дека инвестициите што ги направил во Македонија не биле толку успешни поради политичката ситуација во минатото.
Рубен Варданијан, инвеститор во Русија и Ерменија, укажа на придонесот на ерменската дијаспора за економскиот развој на земјата, која, како што рече тој, преку различни програми инвестирала над 600 милиони долари. Тој нагласи дека Ерменија има 3 милиони жители и дијаспора од 7 милиони, која донесува до две милијарди долари годишно. Варданијан даде свое мислење за Балканот како целина и за можностите за инвестиции во него, а како проблем на Балканот тој го посочи заминувањето на талентираните луѓе.
„Главниот предизвик со којшто се соочуваме ние е обидот да се држат во земјата талентираните лица, да ја играат својата улога во едно општество без корупција. Сепак, треба да создадеме економски систем каде што младите ќе можат да ги реализираат своите соништа. Балканот има многумина такви, затоа треба да се укаже да не заминуваат во САД, Германија, Кина, Русија и во другите земји“, нагласи Варданијан, истакнувајќи дека светот се движи од индустријалната економија кон иновативната, каде што се потребни младите.
Суан Хинг Ли пренесе дека Сингапур во последните 50 години го зголемил бруто домашниот производ по жител за повеќе од 50 пати, и тој денес ги надминува цифрите од 52 илјади долари годишно. Според него, успехот е резултат на фокусот на станските инвестиции, трансформација на технологијата и инфраструктурата, како и влада насочена кон бизнис и инвестирањето во човечки ресурси.
„Ние немаме природни ресурси, освен нашите луѓе. Многу инвестиравме во образованието и обуката на луѓе. Во меѓувреме, вниматлено ги набљудувавме промените во глобалниот амбиент. Инвестиравме во време кога воопшто немаше побарувачка“ додаде Ли.
Тој истакна дека малите земји треба да се концентрираат само во една насока, бидејќи, како што рече тој, во модерната економија не се поставува прашањето како „големиот го победува малиот“, туку „брзиот го победува бавниот“.
Во текот на дводневниот форум „Македонија 2025“, со своите мислења ќе бидат се претстават над 50 различни експерти од 25 земји, а учествуваат 400 делегации.