İhvan Radoykov
20 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
СОФИЈА
Во југоисточниот дел на Бугарија, во близина на градот Оризаре се урна мал авион. Во оваа авионска несреќа животот го загубија две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на општина Оризаре, Јордан Тотев за Бугарското национално радио (BNR) изјави дека авион во сопственост на еден спортски авиоклуб се урнал во подрачјето на градот, при што животот го загубиле две лица.
Тотев информираше дека според првичните информации, причина за несреќата бил проблем на дел од крилото на авионот.
Авионот се урнал покрај брегот на реката Марица. Започната е истрага во врска со несреќата.