Ekipa
13 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 123 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.494, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 17 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.168.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 3.803 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 143.069.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.257.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.598 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања.