Admir Fazlagic
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 237 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 84.024, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 8 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.530.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 62.929.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 18.565.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.525 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања.