Stipe Majic
04 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер го потресе Петриња утринава во 7:50 часот, а се почувствува и во Загреб, јавува Агенција Анадолија (AA).
Сеизмолошкиот завод на Хрватска извести дека земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер со епицентар кај Петриња. Интензитетот во епицентарот бил V-VI степени според ЕМС скалата.
Земјотресот се почувствувал и во централна Хрватска и во соседна Босна и Херцеговина.