Husamedin Gina
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 168 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 313.708, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана ист, односно изнесува 9.322.
Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 303.738.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 648.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.101 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.079.613 тестирања.