Furkan Abdula
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 89 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 310.595, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Не се пријавени нови починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата остана исто, односно изнесува 9.287.
Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 300.675.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 633.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.271 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирање.