Oktaj Omeragikj
11 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека согласно податоците добиени од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 7.724 тестови, од кои 1.964 биле позитивни на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден, не се евидентирани оздравените лица.
Во изминатите 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 7 лица.
Во последното деноноќие спроведено е тестирање на 7.724 примероци сомнителни на новиот тип на коронавирус, зголемувајќи го вкупниот број тестови на 1.672.767. Вкупната бројка на лица кај кои е дијагностициран Ковид-19 во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 236.241.
Вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 215.853, додека од последици на заразеност со коронавирус досега животот го загубија 8.055 заразени.
Вкупната бројка на активни случаи во земјата изнесува 12.333.