Husamedin Gina
21 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 335 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 221.744, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 8 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 пријавени се 5 лица, починати во периодот од 26.11-16.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.838.
Институтот за јавно здравје регистрира 515 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 208.724.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.182.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.543 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања.