Furkan Abdula
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 711 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 268.901, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 22 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, во период од 26 до 27 јануари 2022 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 8.409.
Институтот за јавно здравје регистрира 7.170 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 246.864.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 13.628.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.197 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања.