Admir Fazlagic
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се регистрирани 37 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 1.978, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти се искачи на 1.422.
Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа не се регистрирани нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19, односно бројката на починати е 113.
Министерството за здравство информира дека во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 443.
Во последните 24 часа направени се 508 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19.
Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Според одлука на Владата, за време на овој празничен викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата, почнувајќи од денеска, 24 мај, во 11:00 часот, до вторник, 26 мај, до 5 часот.