Admir Fazlagic
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистирани 1.295 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 43.835, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците на Ковид-19 починати се 26 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во Северна Македонија се искачи на 1.238.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 25.782. Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 16.815.
Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид -19, а Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.315 тестирања.