Bojana Stojanovic
12 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
БЕЛГРАД
Во Србија 19 лица починаа од последици на Ковид-19 во изминатите 24 часа, заразени се уште 3.341 лица, а до денес се хоспитализирани 3.343 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 73.765 случаи на вирусот.
Од вчера, тестирани се 13.008 лица, од кои 3.341 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа 19 лица, со што бројот на досега починатите се зголеми на 955. Процентот на смртност изнесува 1,29 отсто.
На респиратор е 151 пациент.
Досега се тестирани вкупно 1.468.164 лица.
Во установите за социјална заштита и домовите за сместување на стари лица, Ковид-19 е потврден кај 248 лица и 165 вработени, а излекувани се 1.148 лица и 462 вработени.