Ekipa
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 135 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 199.901, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 11 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.062.
Институтот за јавно здравје регистрира 330 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 186.652.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.187.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.514 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања.