Admir Fazlagic
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 88 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 11.289, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати шест лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 511.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на оздравени пацинети од овој вирус во земјата изнесува 7.221.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на овој вирус.