Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
КАБУЛ
Авганистанскиот министер за здравство, Ахмад Џавад Османи изјави дека постои претпоставка дека во таа земја со Ковид-19 се заразени речиси 10 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Османи во изјава за медиумите потврди дека со поддршката на Светската здравствена организација (СЗО) и Универзитетот Џон Хопкинс било спроведено ново истражување.
„Според резултатите на истражувањето, бројот на заразени со новиот тип на коронавирус во Авганистан изнесува речиси 10 милиони, односно 31,5 отсто од населението“, изјави Османи.
Тој напомена дека постои претпоставка дека половина од населението на Кабул е заразено со Ковид-19, а дека поголемиот дел го сочинуваат деца.
Османи изјави дека во поголемите градови се регистрирани повеќе случаи на заразување и дека ситуацијата со Ковид-19 во Авганистан излегла од контрола.
Министерот предупреди на можност за појава од друг бран на заразата.
Според податоците на авганистанското Министерство за здравство, борбата со Ковид-19 во таа земја ја загубија 1.288 лица.