Admir Fazlagic
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 445 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекорден број на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие во земјава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати девет лица, со што вкупната бројка на смртните случаи со овој вирус во земјата се искачи на 809.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти во земјата од овој вирус се искачи на 16.591.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.236.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.441 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на овој вирус.