Zehra Ulucak
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Во Индија, во последните 24 часа починаа уште 680 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерствто за здравство на Индија.
Во соопштението се нагласува дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во земјата се зголеми на 111.266.
Се истакнува дека во последните 24 часа откриени се уште 67.708 нови случаи, додека во Индија досега се откриени вкупно 7.307.097 случаи на заразување со овој вирус.
Во Индија од Ковид-19 досега оздравеа 6.383.441 лице.