Admir Fazlagic
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 934 случаи на коронавирусот, што е рекордна бројка на регистрирани слуачи во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 20.448.
Од последиците на Ковид-19 починати се пет лица, со што вкупната бројка на смртните случаи изнесува 982.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 20.448.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 9.058.
Досега во земјата се направени вкупно 246.105 тестирања на Ковид -19, а Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања.