Admir Fazlagic
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 640 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 25.473, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 12 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 874.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 18.047.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.552.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на овој вирус.