Husamedin Gina
12 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
СКОПЈЕ
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи истакна дека од Унгарија е пристигната донација од вакцини против Ковид-19 за сите гранични полицајци во рамките на Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска престојува во еднодневна посета на државава, при што ја предаде донација од 6.000 вакцини „АстраЗенека“ наменета за граничната полиција.
Во рамките на посетата на Северна Македонија, Сијарто имаше тет-а -тет средба со министерот Бујар Османи, а исто така беа одржани и пленарни разговори меѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Унгарија.
По завршувањето на средбите, министерот Османи и Сијарто одржаа заедничка прес-конференција.
Истакнувајќи дека министерот Сијарто денеска во Северна Македонија е пристигнат со сериозна поддршка, Османи рече дека лично доаѓате во Скопје со суштинска донација, вакцини за сите за сите гранични полицајци во рамките на министерството за внатрешни работи.
„Навистина беше убаво чувството кога министерот ми се јави пред некој ден изразувајќи подготвеност да донира вакцини за граничната полиција како знак за благодарност што тие гранични полицајци не само што ја штитат Северна Македонија, туку всушност ја штитат целата Европска унија“, изјави Османи.
Османи истакнувајќи дека со Сијарто разговарале и за Европското досие на Северна Македонија, рече дека на средбата се заблагодарил за континуираната, конзистентната поддршка што Унгарија ја дава во сите форуми на Европската за започнување на преговори.
На прес- конференцијата, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, истакна дека во Европската унија најбрзо започнале со кампањата за вакцинација и дека до сега 50 проценти од возрасното население се вакцинирани.
„Ние Унгарците на вакцините не гледаме како геополитичко или идеолошко прашање, туку како нешто што служи за спасување на човечки животи“, рече Сијарто.
Истакнувајќи дека Северна Македонија се наоѓа на Балканска мигрантска рута, Сијарто рече дека Северна Македонија истовремено треба да се бори и против пандемијата и со миграцискиот притисок, кој се повеќе е поголем и дека на неделно ниво има 250 обиди за илегално преминување на границата.
Доколку Северна Македонија не успее да го запре мигрантскиот бран, како што рече Сијарто тогаш овие бранови многу бргу ќе стигнат до границите на Европската унија.
На новинарското прашање дали Унгарија е за започнување на преговорите со Северна Македонија сега во јуни, Сијарто повтори дека Унгарија е безусловен поддржувач за евроатланските интеграции на Северна Македонија, сметаат дека местото на Северна Македонија е во Европската унија и дека ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.