Besar Ademi
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Сојузот на албанските ученици во Македонија поддржан од неколку други граѓански организации, во знак на протест, денеска се собраа во Старата скопска чаршија за да го изразат својот револт против извршените многубројни контроли на државниот инспекторат во издавачката куќа „Логос-А“, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите на овој протест остро го осудуваат овој акт, и рекоа дека се неправедни овие напади и акти на државните институции врз издавачката куќа Логос-А. Тие истакнаа дека даваат целосна поддршка за оваа издавачка куќа, сметајќи ја оваа институција не само како издавачка куќа туку и како институција која придонесува за иднината на општеството, нацијата и на државата.
Според нив, 25-годишната дејност на оваа издавачка куќа е пример за субјектите не само во оваа земја, туку и во Балканот и во поширок регион за тоа како треба да се возхитува буквата, читањето, книгата, хуманоста, грижата, науката како и младоста.
Претседателот на Сојузот на албанските ученици во Македонија, Амар Реџепи истакна дека со овој протест сакаат да докажат дека вредностите на младите се образованието, , културата и книгата, како и дека придонесувач за овие вредности е „Логос-А“.
„Посветеноста и преокупацијата на оваа најголема издавачка куќа во албанскиот свет 'Логос-А', се благосостојбата, перспективата, хуманоста, науката и иднината. Нечовечки и недемократски е државните институции преку нивните механизми да ја напаѓаат оваа колевка на книгата, пријател на знаењето и хуманоста, и да го спречуваат растот на образованиети и книгата. 'Логос-А' со својата работа е совршен пример за образованието, младоста и книгата, затоа ударот кон неа е удар кон образованието, книгата и човештвото“, изјави Реџепи.
Претседателката на здружението за култура „Парими“, Зинур Емин, изразувајќи оптимизам дека знаењето секогаш го надминува незнаењето, побара поддршка за издавачката куќа „Логос-А“. Таа нагласи дека еден народ кој има желба да биде владетел на себеси, треба да се вооружи со моќта на знаењето.
„Да и наштетиш на една колевка на културата и знаењето е едно од најтешките злосторства кои може да му ги направиш на едно општество, особено ако оваа штета настанува како резултат во различните размислувања и идеи со некои личности“, истакна Емин.
Во врска со активностите на државниот инспекторат врз издавачката куќа „Логос-А“ реагираа и многубројни значајни личности, сметајќи ги овие акти како недемократски, нецивилизирани и несовремени. Според нив, „Логос-А" беше духот на промовирањето на вистинските вредности и стимулацијата на младите писатели, како и прогресот и поттикнувањето на знаењето на учениците, студентите и во сите други слоеви на општеството.
Издавачката куќа „Логос-А“ е основана во месец септември 1990 година и со тоа право се смета себеси како пионер во независното издаваштво во тогашната поранешна Југославија и денешната Македонија. Оваа издавачка куќа од своето постоење има објавено книги со 1.000 различни наслови и над 8 милиони примероци.
Логос-А во досегашната работа промовираше книги во Македонија, Косово, Црна Гора и во Албанија. Оваа издавачка куќа редовно учествува на национални, балкански како и меѓународни саеми, како во Истанбул, Франкфурт, Болоња, Лондон, Женева, Софија и во Каиро, на кои многу пати се вратила со награди и признанија.