Almir Terzic
20 Април 2022•Ажурирај: 22 Април 2022
САРАЕВО (АА) - Во Словенија се потврдени повеќе од 2.100 нови случаи со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) на Словенија, во вторникот се извршени 1.390 ПЦР-тестови и 11.977 брзи тестови. Потврдени се 2.124 нови случаи на коронавирусот, што е 540 повеќе во однос на минатиот вторник.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, во Словенија во моментов има 19.255 активни случаи на вирусот, што е 126 помалку од дента претходно.
Просечниот број на потврдени случаи во последните седум дена е 1.097, што е 78 повеќе од дента претходно, а бројот на потврдени случаи на 100.000 жители во последните 14 дена е намален за 7 и изнесува 908.
Според податоците на Институтот, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 1.265.067 лица, а со две дози, 1.221.005 лица.