Almir Terzic
08 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Според податоците на словенечката полиција, вчера во Словенија влегле 4.240 мигранти, а во првите часови од денешниот ден уште 2.076 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти, доцна синоќа, полициската станица Ново Место, на граничниот премин за Меѓународен железнички сообраќај Добова, вчера пристигнале два воза со 2.136 мигранти. Првиот воз со 1.062 мигранти пристигнал околу осум часот утрината, а другиот, со 1.062 мигранти околу пладне.
Синоќа, околу 19:00 часот, според податоците на хрватските полициски органи, пристигнал воз со додатни 998 мигранти.
Полицајците, по извршената полициска постапка, како и здравственото и хуманитарно згрижување, вчера, странците со автобуси ги упатиле кон Шентиљ, Јасенице, Караванки и Грушковје.
Истовремено, во Австрија од Словенија вчера преминале 4.407 мигранти, а утринава 398.
Според податоците на словенечката полиција, моментално во прифатните центри во Словенија се наоѓаат 3.191 мигрант.
Од нив, 2.076 мигранти, според вчерашните податоци, се наоѓаат во прифатниот центар Добова Ливарна, 1.158 во Шоторишче Шентиљ, а 17-мина се во Центарот за странци.