Abdula Berisha
03 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
СКОПЈЕ
По дводневна расправа, Собранието на Република Северна Македонија ги усвои законските измени за одложување на Пописот на населението, домаќинствата и становите од април за септември 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова беше договорено на лидерската средба одржана во понеделникот меѓу премиерот и истовремено претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Меѓутоа, гласањето на измените на Законот за попис се одложија поради противење на албанските опозициски партии.
За измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите гласаа 95 пратеници, а против беа 12. Измените ги добија и потребните гласови во рамки на гласањето по Бадентер, а немаше воздржани.
Со ист број на гласови беа усвоени измените на Изборниот законик со кој се одложија локалните избори од првата за втората половина на октомври, а се изгласа и да се користат терминали за отпечатоци од прст на изборите.
Според првичниот закон, пописот на резидентното население на Република Северна Македонија требаше да се спроведе од 1 до 21 април, со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација.