Bojana Stojanovic
04 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
БЕЛГРАД (AA) - Во 12 општини и градови во Србија е прогласена вонредна ситуација поради поплавите, а превентивно се евакуирани и 297 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Најзагрозени подрачја се Краљево, Книќ, Трстеник, Лучани, Ивањица, Ариље, Врњачка Бања, Гружа и Гуча“, наведе заменик-началникот на Секторот за вонредни ситуации, Бобан Стевановиќ за Радио-телевизија Србија.
Тој, исто така истакна и дека вчера превентивно се евакуирани 297 лица, но и дека ситуацијата е различна од случај до случај.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување дека денеска водостојот на реката Сава ќе ја надмине границата на редовната одбрана кај Шабац и Белград.
Оттаму додадоа и дека до утре ќе биде во пораст и водостојот на Бјелица, Моравица, Скрапеж, Ѓетиња, Гружа, како и на горниот тек на Западна Морава и Ибар, и дека ќе се движи околу или над предупредувачките нивоа.