Bojana Stojanovic
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека сите граѓани над 16 години кои биле вакцинирани макар и со една доза против коронавирусот, ќе добијат дополнителни 3.000 динари помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Покрај 60-те евра помош што државата ги дава на сите полнолетни граѓани, Вучиќ рече дека сите што ќе бидат имунизирани со барем една доза до 31 мај ќе добијат дополнителни 25 евра.
„Не можеме да носиме негативни дискриминаторски мерки за оние кои не сакаат да примат вакцина, иако сметам дека тоа е неодговорно и себично некој да не се вакцинира. Размислувавме за тоа како да ги наградиме луѓето кои покажаа одговорност и донесовме одлука да дадеме додатна финансиска помош за луѓето кои се вакцинираа“, прецизира Вучиќ за телевизија „Пинк“.
По неговата најава, Владата на Србија соопшти дека граѓаните во наредните денови ќе бидат информирани како да се пријават за таа помош.
„Рокот за пријавување ќе биде 15 јуни, додека право на пријавување ќе имаат сите граѓани на Србија над 16 години“, соопштија од Владата, додавајќи дека не е важно со која вакцина се имунизирани од четирите достапни во земјата.