Bojana Stojanovic
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
БЕЛГРАД
Во Србија во изминатите 24 часа починаа 58 лица од последици на новиот тип коронавирус, а регистрирани се 5.809 новозаразени. Денес во земјата хоспитализирани се 8.106 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Досега во Србија се детектирани 219.652 лица позитивни на Ковид-19. Во последното деноноќие тестирани се 14.486 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 5.809 се позитивни.
Во истиот период починаа 58 заразени, со што бројката на потврдени смртни случаи се зголеми на 1.949. Процентот на смртност изнесува 0,89%.
На респиратор во болниците низ Србија се наоѓаат 278 пациенти.
Во Србија се тестирани вкупно 1.899.946 лица.