Büşra Selvi Öğütcen
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на заразени со новиот коронавирус до сега во светот надмина 67 милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Порталот „Worldometer“ објавува ажурирани податоци од глобалната епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на заразени во светот се зголеми на 67.004.514.
Досега во светот од последици на коронавирусот починаа 1.537.015 луѓе, додека над 46,3 милиони се излекуваа.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди Соединетите Американски Држави (САД), каде досега се заразени 14.985.142 лица.
Според бројот на заразени, по САД следат: Индија (9.653.578), Бразил (6.577.177), Русија (2.460.770), Франција (2.281.475), Италија (1.709.991), Велика Британија (1.705. 971), Шпанија (1.699.145), Аргентина (1.459.832) и Колумбија (1.362.249).