Selen Temizer
19 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на шесте земји од Западен Балкан се поканети во Брисел на средба со членовите на Европскиот совет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот со Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе се одржи на 23 јуни во просториите на Европскиот совет во Брисел.
„Средбата има за цел да промовира засилен ангажман помеѓу ЕУ и Западен Балкан“, се додава.
Европската Унија му придава стратешко значење на Западен Балкан и сака земјите од регионот да дејствуваат во согласност со надворешната политика на ЕУ.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделникот се сретна со колегите од Западен Балкан во Брисел, каде што истакна дека одржувањето блиски односи со Русија „повеќе не е компатибилно со градењето заедничка иднина со ЕУ“.