Hasan Esen
05 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
БЛЕД (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, учествуваше на неформалниот состанокот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, јавува Anadolu Agency (AA).
Во градот Блед, Словенија, се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ПСЈИЕ, под водство на Словенија.
Покрај шефот на турската дипломатија и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на состанокот учестуваа и министрите за надворешни работи и претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Грција, како и на Европската Унија (ЕУ).
ЕУ беше претставувана од страна на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Ова е прв состанокот на ПСЈИЕ под председавање на Словенија.
Домаќинот на состанокот, министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, ги пречека претставниците од земјите-учеснички, а потоа беше направена групна фотографија на калето во Блед.
Според соопштението, на овој состанок, кој беше затворен за медиумите, се дискутирало за соработката меѓу земјите, како и за актуелните настани.
ПСЈИЕ е основан во 1996 година, со цел да се обезбеди мирна, безбедна и стабилна средина на Балканот, да се воспостават добрососедски односи, како и да се обезбеди регионална соработка. ПСЈИЕ е единствената платформа за соработка на Балканот.
Во периодот од јуни 2009 година до јуни 2010 година, со ПСЈИЕ претседаваше Турција.