Bekim Laci
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Четирите апелациони судови, 27 основни судови и двата административни суда во Македонија, генерално успешно ги процесуираа новите предмети прифатени во текот на 2016 година, и успеале да го намалат бројот на старите предмети; е процената објавена на годишниот состанок, на којшто Врховниот суд на Македонија ги разгледуваше извештаите за работата на судовите на Македонија за 2016 година. На состанокот учествуваа и претседателот на Врховниот административен суд, претседателите на Апелационите судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Врховниот суд, Јове Вангеловски, во делот на состанокот кој беше отворен за медиумите, истакна дека во 2016 година, Апелациониот суд и 27 основни судови на Македонија генерално успешно ги процесуирале новите предмети прифатени во текот на 2016 година, и успеале да го намалат бројот на старите предмети. Тој исто така додаде дека, сепак, судовите имале и стагнација во обработката на предметите за коишто во рамките на состанокот ќе бидат дадени препораки за надминување на таквата состојба.
„Како во последните години, така и за 2016 година, податоците во рефератите нa извештаите покажуваат дека судoвите во РМ вложиле голем труд, со што се констатира дека скоро сите судови со постоечките материјални и финансиски услови за работа успеале да го совладаат приливот на нови предмети, а решавале и од заостатокот, со што ажурно ја завршиле 2016 година“, истакна Вангеловски.
Тој нагласи дека судовите во Македонија, 2016 година ја започнале со 128.649 предмети останати од претходната година, додека во текот на истата година, прифатиле и 459.481 нови предмети, а од вкупниот број на предмети, решени се 472.556, а 119.689 предмети се нерешени.
Врз основа на овие податоци, како што рече тој, судовите ги процесуирале сите предмети прифатени во 2016 година, и решиле 13.075 предмети од претходната година.
Во извештаите на основните судови во земјата е наведено дека предметите прифатени во оваа година се успешно решени.
Основните судови оваа година ја започнале со 108.295 предмети останати од минатата година, додека во текот на 2016 година прифатиле 418.353 нови предмети, каде што од вкупниот број на предмети, решени се 428.741, а 101.776 предмети се нерешени, со што бројот на останати предмети од претходните години е намален за 10.338.
Вангеловски вели дека најголемиот граѓански суд, Основен суд Скопје 2, забележува најголем пораст на нерешените предмети, број којшто се зголеми на 1.369 предмети.
„Се работи за најголемиот граѓански суд, Основниот суд Скопје 1, кој покрај тоа што успеал да реши голем број предмети сепак го зголемил заостатокот за 1.369 предмети“, додаде тој, истакнувајќи дека од вкупно 56.345 предмети, успеале да се решат само 41.379 предмети.