Zülfiya Yakup
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ПРИШТИНА (AA) - Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија (ЕК), Федерика Могерини, на 7 септември во Брисел ќе се состане со претседателот на Косово, Хашим Тачи, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Anadolu Ageny (AA).
Како што соопштија од Европската Унија (ЕУ), состанокот на високата претставничка на ЕК, Могерини, со претседателите на Косово и Србија е во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
„Могерини, која го олеснува дијалогот, ќе ги продолжи разговорите со двајцата претседатели за севкупен договор за нормализација на односите, со цел остварување конкретен напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и европска перспектива на регионот“, се наведува во соопштението на Европската Унија.